Свет

БАРЕЛOT УТРОВО Е 115 ДОЛАРИ: Нова промена на светскиот пазар на „црното злато“ – во минус се и цените на пченката и пченицата

БАРЕЛOT УТРОВО Е 115 ДОЛАРИ: Нова промена на светскиот пазар на „црното злато“ – во минус се и цените на пченката и пченицата

Цената на нафтата од утрово бележи благ пад. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар од утрово изнесува 115 долари, а на американскиот 109 долари, што е намалување за околу 3 отсто во однос на вчера.

Пред речиси две недели, цената на нафтата падна на под 100 долари за барел. Но, минатата недела беше забележан постепен пораст на цените на „црното злато“.

Информациите за серијата самити меѓу владите на Европската унија и американскиот претседател Џо Бајден, со цел да се зајакне одговорот на Западот кон Москва во врска со нападот врз Украина, придонесе за ова ново движење и зголемување на цените, при што ЕУ, меѓу другото, размислува и за , забрана за увоз на нафта од Русија.

Биткоин 42.000 утрово

Биткоини утринава се во благ дефицит и изнесува 0,28 отсто со вредност од 42.156 долари. Во црвено се и другите криптовалути, освен Солана, која бележи раст од 1 процент.

Паѓа цената на пченицата и пченката

Од утрово во минус од 0,9 отсто е и пченицата, а пченката е намалена за 0,43 отсто.
Цената на пченицата утрово е 1.118 долари за тон, а пченката 753 долари за тон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни