Бегството на екс премиерот Никола Груевски ја заостри политичката реторика помеѓу власта и опозицијата. СДСМ прстот го впери кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Христијан Мицкоски може да биде еден од соработниците за бегството на Груевски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека УБК се злоупотребува за да се оправдаат судските одлуки, кои ги нарекуваат политички мотивирани.
Сега веќе се знае дека Никола Груевски побарал политички азил во Унгарија, со цел да ја избегне 2 годишната затворска казна за случајот на СЈО “Тенк“. Но, одредени странски медиуми објавија дека тој веќе не е во Будимпешта, наведувајќи ги Турција и Русија како негови следни дестинации. Сепак, овие информации засега се на ниво на шпекулации.
РЕПОРТЕР: АДНАН ЌАИЛИ
