САД заедно со своите сојузници и партнери воведуваат дополнителни санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, соопшти Белата куќа.
„Санкциите опфаќаат повеќе од 400 поединци и субјекти, вклучувајќи ја Думата и нејзините членови, дополнителната руска елита и руските одбранбени компании кои ја поттикнуваат воената машина на Путин“, се вели во соопштението.
Белата куќа објави и за кого точно важат дополнителните санкции:
– 328 пратеници на Думата и самата руска Дума,
– Херман Греф, шеф на најголемата руска финансиска институција Сбербанк и советник на рускиот претседател Владимир Путин од 1990-тите,
– Генадиј Тимченко, неговата компанија и членовите на неговото семејство,
– 17 членови на управниот одбор на руската финансиска институција Совкомбанк,
– 48 големи руски државни одбранбени компании кои се дел од руската одбранбено-индустриска база и произведуваат оружје користено во инвазијата.