Белата куќа објави соопштение во име на 17 земји во кое го повикува Хамас да се согласи на договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
„Како лидери на земји кои се длабоко загрижени за заложниците што ги држи Хамас во Газа, вклучително и многу наши граѓани, ние целосно го поддржуваме движењето кон договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците што сега е на маса и како што истакна претседателот Бајден на 31 мај 2024 година. Нема време за губење. Го повикуваме Хамас да го прифати овој договор, со кој Израел е подготвен да продолжи напред, и да го започне процесот на ослободување на нашите граѓани“, се вели во соопштението.
„Забележуваме дека овој договор ќе доведе до итен прекин на огнот и рехабилитација на Газа, заедно со безбедносни гаранции за Израелците и Палестинците, како и можности за потраен долгорочен мир и решение за две држави. Во овој клучен момент, ги повикуваме лидерите на Израел, како и на Хамас да ги направат сите неопходни конечни компромиси за да го склучат овој договор и да им донесат олеснување на семејствата на нашите заложници, како и на оние од двете страни на овој ужасен конфликт, вклучително и цивилното население. Време е војната да заврши и овој договор е неопходна почетна точка“, нагласи тој.
Белата куќа наведува дека соопштението е издадено од „лидерите на САД, Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд и Велика Британија“. .