Свет

Белата куќа смета дека Израел не е одговорен за нападот на болницата

Белата куќа смета дека Израел не е одговорен за нападот на болницата

Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Х рече дека САД не веруваат оти Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болницата во Газа.

Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.

– Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа, рече таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни