Свет

Белорусија протерува украински дипломати

Белорусија протерува украински дипломати

Бројот на украински дипломати во Белорусија ќе се намали на пет, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

Оттаму забележуваат дека останатите дипломати ќе мора да ја напуштат територијата на Белорусија во рок од 72 часа.

Веста денеска ја соопшти прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, пренесе агенцијата Белта.

Претходно денеска Полска одлучи да протера 45 руски дипломати, кои се обвинети за шпионажа и добија рок од  пет дена да ја напуштат државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни