„Беса“ цели да формира парламентарна група – никој не потврди дека ќе и помогнат со пратеници

Движење БЕСА цели да има своја пратеничка група, но тоа не може да го направи сега засега бидејќи има само 4 пратеници, а за тоа се потребни минимум 5 пратеници.

Се вчитува...

Лидерот на оваа партија, Биљал Касами, кој е пратеник, во емисијата Клик Плус, изјави дека петтиот пратеник можат да го земаат или од власта или од опозицијата.

„Ние водиме разговори не само со пратениците од опозицијата, тоа може да се случи и во парламентарното мнозинство да има реорганизација на парламентарните групи со што и Движење Беса да има повеќе од 5 пратеници“, вели Биљал Касами.

Но дали може да стане реалност ова цел на Касами, засега останува непознато. Тоа е бидејќи никој од мнозинството, ниту СДСМ, ниту ДУИ, не тврдат дека ќе и помогнат на БЕСА со пратеници.

Координаторот на парламентарната група на СДСМ, Јован Митроски, прашан дали некој од нивните пратеници ќе овозможи формирање на парламентарна група на БЕСА, со тоа што ќе премине кај нив, кратко одговори:

„Нема таква опција“, вели Јован Митревски.

Доколку партнерот на коалицијата „Можеме“ нема опција како да и помогне на БЕСА, уште помали се шансите таа поддршка БЕСА да ја добие од ДУИ.

„Нема воопшто потреба за такви акробации во истата Влада. За плановите на БЕСА сигурно тие ќе известат. Ние комуницираме и соработуваме кога тоа е во интерес на граѓаните и Албанците. Во врска за тоа како мислат да формираат група, сигурно планираат да земат некој кој не е дел од Влада“, посочи Изет Меџити.

Ниту тие кои не се дел од Владата, односно опозицијата, не тврдат дека ќе и помогнат на БЕСА со нивните пратеници.

„Политичкиот субјект што го спомнавте е единствениот субјект што освои „џекпот“ на овие избори, со обезбедени 5 илјади гласови имаат 4 пратеници, па ако можат да најдат кој било друг пратеник со 800 или 1000 гласа, можат да го сторат тоа! Тоа може да се случи само ако имаат договор со СДСМ или со партија која е дел од Владата“, посочи Скендер Реџепи.

Го прашавме и лидерот на „Левица“, пратеникот Димитар Апасиев, дали тој или неговиот колега пратеник можат да се обединат со Беса во пратеничка група. Тој кратко одговори дека „не е невозможно“.

Засега единствена надеж за Беса останува пратеникот и претседател на ДПА, Мендух Тачи, но тој не одговори на прашањето дали како пратеник ќе и помогне на БЕСА да формира пратеничката група.

.

Извор: ТВ21