Македонија

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Стефан Андоновски за аеродромската драма во Литванија

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Стефан Андоновски за аеродромската драма во Литванија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и членовите на македонската делегација поминале низ вистинска драма на аеродромот во Вилнус, откако непосредно пред нивното полетување бил активиран сигнал за тревога, поради што воздушниот сообраќај над Литванија бил целосно затворен во времетраење од час и половина.

Оваа информација ја откри самиот министер во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, опишувајќи го моментот како „предизвикувачки и неочекуван“, иако со тимот претходно ја разгледувале можноста за евентуални инциденти, како пролетување на дронови, со оглед на специфичната геополитичка позиција на балтичкиот регион.

Андоновски појасни дека пораката за тревога стигнала на сите мобилни телефони во моментот кога тие веќе се наоѓале во аеродромската зграда. Благодарение на брзата и професионална реакција на литванските власти, првичната паника и страв кај патниците биле брзо надминати.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни