Претседателката на здружението на медицински сестри Гордана Бешлиовска во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека вонредните мерки кои се спроведуваат врз основа на протоколите и на сето она коешто го бара ситуацијава во моментот функционира.
„Ние имаме во болницата состојби коишто не се само од времето на пандемијата, зборувам конкретно за дефицитот кој е основен проблем со медицинскиот персонал, односно медицинските сестри“, изјави Бешлиовска.
Таа додава дека неофицијално дефицит се околу 7.500 илјади медицински сестри на територија на цела држава.
„На 2 милиони жители по стандардите треба да бидеме околу 15.000. Имаме 50% недостаток на сестрите од старт, без разлика дали сме во пандемија или не“, додава Гордана Бешлиовска.
.
