Компанијата „ОНЕ Македонија телекомуникации“, која ја доби лиценцата за трет мобилен оператор во земјава, направи нови промени во управувачката структура. Според најновото решение на Централниот регистар, во компанијата е впишан нов управител, а избришани се податоците за еден од досегашните управители.
Од документот до кој дојде 4NEWS.mk се гледа дека како управител е впишан унгарскиот државјанин Михали Сабо, додека податоците за досегашниот управител Мате Сентмихалји-Тот се избришани од соодветната евиденција за овластувања.
Според решението, Сабо има високо образование и овластување за управување со друштвото, при што е предвидено заедничко застапување со друг управител, без дополнителни ограничувања, освен доколку поинаку не е определено со основачкиот акт или со закон.
Пријавата за промените била поднесена на 16 октомври, а Централниот регистар ја одобрил на 19 октомври. Во решението се наведени промена на надзорен орган и промена на контакт.