Бесијана веќе е вработена во ЕСМ – Антикорупциска отвори предмет за ќерката на Џафери

Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за изборот на ќерката на Талат Џафери, Бесијана Џафери Беќири, да биде член на надзорен одбор во еден од трите тима на ЕСМ кои треба да вршат производство, дистрибуција и снабдување со толинска енергија. Информацијата ја потврдила претседателката на Антикорупциска за ТВ24.

Ќе испитуваат дали таа може да ја извршува доделената функцијата.

Од Електрани на Македонија, пак, велат дека Бесијана е веќе вработена во ЕСМ, а членството во претпријатието е дополителна работна обврска.

Електрани на Северна Македонија формираше три фирми кои ќе може да се јават на јавниот повик за фирма која ќе го снабдува главниот град со топлинска енергија.

Поврзани вести

Најважното