Беспилотно летало од руско производство се урна во северна Романија, јавуваат локалните медиуми.
Романското јавно обвинителство покрена истрага по откривањето на дрон во областа Бистрита-Насауд. Урнатиот уред очигледно е дрон од Русија, пренесува агенцијата АП.
Порталот „Дифенс Романија“, кој тврди дека ги проценил фотографиите од срушениот дрон пишува дека наводно станува збор за извидувачки дрон „Орлан 10“.
Полицијата во градот Бистрита соопшти дека младиот човек пронашол дрон во нива во близина на неговиот дом. Бидејќи дронот немал никакви ознаки, неговото потекло не можело да се разјасни, а неговиот сопственик не може да се идентификува, соопшти обвинителството на округот Клуж.