Македонија

Бесплатен превоз – поскап паркинг, граѓаните поделени околу мерките на Град Скопје

За некого мерките се добри а за некого само дневна политика и пропаганда. Вака ја коментираат граѓаните одлуката што пред еден ден ја донесе Град Скопје против загадувањето на воздухот, поскапувајќи ја двојно цената на паркингот и бесплатниот превоз.

Граѓаните кои денеска избраа бесплатен превоз, велат дека додека трае мерката од локалните власти, граѓаните треба да користат бесплатен превоз и максимално да избегнуваат да ги возат своите автомобили.

Но има такви граѓани кои велат дека јавниот превоз е преоптоварен.

Директорот на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски, вели дека претпријатието со кое тој раководи не ги покачило цените и покрај фактот дека Град Скопје донело таква одлука.

Вчера од Град Скопје известија дека цената на паркинзите двојно ќе се зголеми.

Ваљон Салиху, Портпарол на Град Скопје

„Цената на паркинзите за Град Скопје, од овој момент двојно ќе се зголеми и тоа ќе трае до укинување на ургентните мерки. Град Скопје во изминатиов период направи засилена контрола преку инсталациите кои се под надлежност на Град Скопје. Ќе продолжиме со овој интензитет  и во следниот период“, изјави Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Одлуката на Град Скопје предвидува поскапување на паркингот и понуда на бесплатен превоз, забрана за градежни активности и засилен инспекторски надзор. Овие марки важат до намалувањето на загаденоста на воздухот.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни