AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Без струја дел од корисниците во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани.

Без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од бул. „Видое Смилевски Бато“, (блокот спроти ПСС згради бр. 1, 3, 5 и 9) во  Општина Аеродром.  Од 9 до 14 часот, бул. „Партизански одреди“, зграда бр. 66., во Општина Карпош. Од 9 до 10:30 часот, дел од ул. „Лазар Димитров“ (од бр. 38 до бр. 45) и ул. „Добромир Хрс“ во Општина Кисела Вода.

Од 9 до 13 часот, ул. 3 во село Горно Соње во Општина Сопиште, а од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од дел од село Студеничани, од џамијата кон ОУ „Наим Фрашери“. Без струја утре од 12 до 15 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Морани во Општина Студеничани.