AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денес без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, од 09:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Горноврановска. ( Општина Аеродром ), во општина Кисела Вода од 09:00 до 12:00 часот, дел од улиците: Козјак, Георги Димитров, Димо Хаџи Димов, Народни Херои и Локов, а од 09:00 до 15:00 часот, дел од ул.Саса во нас. Пинтија. Од 09:00 до 13:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улиците Струшка, Јуриј Гагарин и Козле во Општина Карпош.

Во вторник  од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде дел од ул. Прашка во Општина Карпош.