Без вода за пиење ќе останат село Дуброво, ТЕЦ Неготино, фабриката за кабли и дел од градот, информираат попладнево од ЈП „Комуналец” Неготино.
– Потрошувачите од улиците „Фемо Кулаков”, „8 Ноември”, „Ида Бенчиќ”, „Душко Делов”, „Браќа Миладинови”, „Владо Арсов Шпанац”, „Антон Пеган”, „Коста Волкановски”, „Пешо Самарџиев”, „Ацо Аџи Илов”, „Петар Демирски”, „Вида Џекова”, „Ленинова”, „Климентова”, „Никола Карев”, „Дојранска”, „Пелистерска”, „Пано Калаџиски”, „Цандо Кожинков”, „Станко Франц Пипан”, како и фабриката за кабли, село Дуброво, ТЕЦ Неготино, поради приклучок во водоводна мрежа, од осум до 11 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, информираа од претпријатието.
Оттаму ги замолија за разбирање сите кои утре ќе останат без вода за пиење.