Безос и Гејтс со свој удел во голем заеднички проект

Компанијата за истражување минерали „Ко-болд металс“ склучи договор со лондонската истражувачка компанија „Блуџеј мајнинг“.

Ова е поддржано и од милијардери како што се Џеф Безос и Бил Гејтс, а договорот вклучува потрага на Гренланд по материјали што се користат во електричните возила.

„Ко-болд“ користи вештачка интелигенција и машинско учење за ловењето суровини и, ќе плати 15 милиони долари за проектот „Диско-Нусак“ на западниот брег на Гренланд во замена за 51 отсто од акциите во проектот, соопшти „Блуџеј“.

Лиценцата важи за метали како што се никел, бакар, кобалт и платина, а финансирањето ќе ги покрие првичните проценки и сондирањето.