Препорачливо е овие топли денови да ги минувате во климатизирани простории, но не на многу ниски температури. Докторката Маргарита Трипуновска советува да се внимава кога се излегува од климатизирана просторија на места каде е многу топло.
Консумирањето на храната и пијалаците е исклучително важно за да се справите со високите температури.
Лекарката Трипуновска исто така препорачува пообилно внесување на овошје и зеленчук, но добро измиени и исчистени. Што повеќе вода и што помалку пијалаци кои содржат шеќер, советува Трипуновска, додавајќи – строго да се избегува алкохолот. Се советува во период од 10 до 19 часот да не се излегува надвор, но во неопходни случаи, тогаш треба да носите облека во светли тонови, очила за сонце и летни капи. Треба да се избегнува изложеност на сонце, додека внесувањето на течности е од исклучителна важност. Инаку, за наредните денови метеоролозите најавуваат суво и топло време со температури од 32 до 39 степени.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ