Почетник јавач на бикови почина откако падна од бик за време на новогодишното родео во Австралија, пишува Гардијан.
25-годишникот е од Нов Јужен Велс. Инцидентот се случил на 31 декември во 20 часот.
„Го јаваше бикот, се симна и бикот го згазна“, рекла Мелани Џаи, која била сведок на инцидентот.
На местото на настанот пристигнала медицинска екипа, но мажот починал на пат кон болница.