Свет

Билстром: Време е турскиот парламент да го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО

Билстром: Време е турскиот парламент да го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО

Шведска ги исполни своите обврски од договорот со Турција во однос на членството во НАТО и време е турскиот парламент да продолжи со ратификацијата за да и се овозможи на Шведска да се приклучи на Алијансата, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

Билстром за Ројтерс на маргините на состанокот во парламентот изјави дека ставот на Шведска е дека го направила она што се очекувало од неа и дека сега е време турскиот парламент да започне со процесот на ратификација на шведското барање за членство во НАТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај минатата година, а ратификацијата на нивните барања во турскиот парламент беше условена со тоа што Анкара ги предаде осомничените за тероризам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни