Поврзи се

Македонија

„Битка“ во Битола кој да постави канти за отпад- „Поинаку“ поставува, „Комуналец“ ги вади – „Овде имаше кеса, Панде ја изваде“

Published

on

Во Битола „битка“ се води за тоа кој да постави канти за отпадоци или кеси. Откако советниците од независната советничка група „Поинаку“ поставија низ целиот град жолти кеси за отпад со нивното лого,  од ЈП „Комуналец“ по неколку денови ги отстранија со образложение дека се поставени на своја рака со што како што изјави директорот извршиле упад во организираниот и интегриран систем за управување со отпад.

Од „Поинаку“ откако им биле повлечени кесите за отпад и обрачите тие побарале да им бидат вратени, а на истото место каде имало кеси поставиле налепници на која пишува „Овде имаше кеса, Панде ја изваде“.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Поинаку“, меѓу другото, бара објаснение зошто е објавена постапка за набавка на 70 канти за ѓубре, откако тие поставиле обрачи за кеси. Исто така, зошто сите контејнери и канти немаат капаци, но и зошто се наплаќа за одржување на зеленило, иако, како што посочуваат, не се средени ниту 20% од зелените површини.

„Воедно истиве овие прашања ги упатуваме јавно до Градоначалникот на Општина Битола и до Комуналниот инспекторат, да одговорат што е преземено, а што не е и зошто не е? Срдечно Ве поздраваме сите Вас и немојте да се секирате за ништо, СЕ ЌЕ БИДЕ ОК!“, стои во соопштението потпишано од Чулакоски и Илиевска од „Поинаку“.

На барање на комуналната инспекција во Битола, биле остранети сите кеси за собирање на отпад кои незавсината советничка листа „Поинаку“ ги имала поставено низ градот.

Панде Богоевски – директор на ЈП „Комуналец“ – Битола

Откако претходно ЈП „Комуналец“ Битола поднело барање до комуналната инспекција при општината Битола, таа го донела решението за остранување на кесите во рок од 7 дена, бидејќи согласно законот за јавна чистота и одлуката на општината за одржување на јавните површини, никој нема право на своја рака да поставува урбана опрема за собирање на смет. Со поставуавњето на кеси за собирање на отпад низ градот на своја рака, според  првиот човек на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски, советниците на „Поинаку“ всушност извршиле упад во организираниот и интегриран систем за управување со отпад. Според него, пред да бидат остранети кесите, голем дел од нив биле пронајдени на некои старо – нови диви депонии во Битола.

Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

Грчева: Во Македонија се прави драма кога ќе кажете дека не се согласувате со политиките на вашата партија

Македонија

Затворена обиколницата во Битола на патот кон Ресен поради протест

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа неуставен Закон за јавно обвинителство

Македонија

Корупција: Северна Македонија на најниската позиција од сите држави

4NEWS.mk

Гренел: Приштина да ги укине таксите, а Белград да прекине со кампањата за признавањето на Косово

4NEWS.mk

Цената на паладиумот го надмина златото

4NEWS.mk

ЕСИ: Ако не се промени метологијата ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ пред 2030

Македонија

Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

4NEWS.mk

Мишел во февруари ќе организира средба на лидерите од Западен Балкан

4NEWS.mk

Вакцината против корона вирусот ќе пристигне најмалку за една година

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com