Во мирна, фер и демократска атмосфера се спроведува вториот круг од локалните избори за избор на градоначалник во Битола.
Според информациите, сите избирачки места се отворени точно во седум часот.
До овој момент изборниот ден тече без проблеми, а апаратите за читање на фингерпринтот функционираат без проблеми. Исто така обезбедени се и резерви апарати, доколку некаде настане проблем.
Во Битола гласаат 80.882 гласачи на 170 избирачки места.
Вчера во Битола со коронавирус заразени гласале 17 лица, болни и немоќни 155, во куќен притвор гласале 3, во затворот 42 и во домот за стари 43 лица.