Македонија

Битолчанец со метален предмет искршил дел од угостителски објект и повеќе светлечки реклами

Битолчанец со метален предмет искршил дел од угостителски објект и повеќе светлечки реклами
Фото: 4news.mk

Вчера во ноќните часови на улицата „Буковски мост“ се случил инцидент при што бил нарушен јавниот ред и мир.

Според информациите од СВР Битола, вчера околу 10:00 часот било пријавено дека околу 01:00 часот по полноќ, Р.М. (35) од Битола со метален предмет оштетил дел од угостителски објект и повеќе светлечки реклами.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни