Балкан

БЛАГОДАРЕН СУМ НА ВУЧИЌ, ГИ ИЗДРЖИ СИТЕ ПРИТИСОЦИ: Првото обраќање на Александар Вулин по оставката на чело на БИА

БЛАГОДАРЕН СУМ НА ВУЧИЌ, ГИ ИЗДРЖИ СИТЕ ПРИТИСОЦИ: Првото обраќање на Александар Вулин по оставката на чело на БИА

Поранешниот директор на БИА и основач на Социјалистичкото движење Александар Вулин вечерва изјави дека меѓу него и претседателот Александар Вучиќ нема конфликт.

– Благодарен сум му за сите овие години заедничка борба, и благодарен сум му што ми даде можност да ја водам БИА. И јас сум му благодарен за оставката – вели тој.

Вулин посочува дека додека бил директор на БИА не можел да се огласува во јавноста, а дека сега има можност повторно да зборува за медиумите.

-Претседателот Вучиќ ги издржа сите притисоци, решив да поднесам оставка. Ние сме другари, се консултиравме за тоа. Не сум единственото барање на Западот, туку испаѓа дека сум еден од поголемите – вели тој.

Неодамнешниот директор на БИА посочува дека заканата со санкции кон Србија нема никаква смисла, туку е злонамерна и измислена со идејата Александар Вучиќ да се намали на 20 отсто.

– Сакаат да го гледаат како слаб, а неговата политика да ја гледаат слаба. Дадов оставка затоа што верувам дека немам право да ја жртвувам Србија за да останам на функцијата – изјави Вулин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни