Справувањето со последиците од катастрофата во Кочани беше исклучително комплексен процес кој бараше итна мобилизација на бројни здравствени установи и единици за итна помош. Портпаролката на Владата, Марија Митева во интевју за 4tv.mk, ја искористи годишнината за да изрази најискрена благодарност до сите домашни институции, но и до меѓународната заедница која понуди помош.
Таа посебно ја истакна улогата на државите од регионот и европските земји кои ги отворија своите врати во најтешките моменти за да помогнат во лекувањето и спасувањето на човечките животи.
„Пораката до секој оној кој навистина покажа дека солидарноста не е само принцип, туку е конкретна поддршка кога ни е најпотребна, е најискрена благодарност,“ изјави Митева. Таа заклучи дека токму соработката и заедништвото се покажале како најдобриот и најсилниот одговор во справувањето со ваква невидена трагедија.
