Свет

Блинкен за резултатот од претседателските изборите во Венецуела: „Не ја одразува ниту волјата ниту гласот на народот“

Блинкен за резултатот од претседателските изборите во Венецуела: „Не ја одразува ниту волјата ниту гласот на народот“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денес дека САД се „сериозно загрижени“ поради објавувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, откако изборната комисија на земјата објави дека актуелниот претседател Николас Мадуро освоил трет мандат на функцијата, наведувајќи дека резултатот „Не ја одразува ниту волјата ниту гласот на народот“.

Говорејќи во Токио набргу по објавувањето на изборните резултати, Блинкен ја повика изборната комисија на Венецуела транспарентно и веднаш да ги објави целосните резултати, најавувајќи дека САД и меѓународната заедница соодветно ќе одговорат, пренесе АП.

Блинкен посочи дека од клучно значење е секој глас да се брои правично и транспарентно и изборната комисија да споделува информации со опозицијата и независните набљудувачи без одлагање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни