Со оглед дека поголемиот дел од новозаболените во Штип доаѓаат од текстилните фабрики, градоначалникот Благој Бочварски за ТВ21 во емисијата „10МИНУТИ“ откри дека има препорака до фабриките да дадат колективен одмор додека трае оваа ситуација.
„Ние од општинскиот штаб сме во секојдневна комуникација со централниот штаб, и има донесено мерка, препорака, сите текстилни фабрики да дадат колективен одмор додека трае оваа ситуација“, рече Бочварски.
.