Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Богдановиќ: На парламентарни избори најверојатно ќе настапиме во коалиција, не исклучувам ниту градоначалничка ниту пратеничка кандидатура

Богдановиќ: На парламентарни избори најверојатно ќе настапиме во коалиција, не исклучувам ниту градоначалничка ниту пратеничка кандидатура

Новоформираната политичка партија СДЛ најверојатно би настапила во коалиција доколку во блиска иднина се одржат парламентарни избори, откри Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

На прашањето со која политичка партија би коалицирале, Богдановиќ одговори дека тоа ќе зависи од подготвеноста на потенцијалните партнери да ги прифатат одлуките донесени на Конгресот на СДЛ.

Запрашан дали повеќе би сакал повторно да биде кандидат за градоначалник на Општина Центар или да се кандидира за пратеник во Собранието, тој не исклучи ниту една од двете можности.

„И едното и другото, зависно од можностите, ќе видиме“, одговори Богдановиќ.

Тој најави дека до 15 февруари партијата планира да ја изгради својата организациска структура и да ги презентира програмските и кадровските решенија, изразувајќи задоволство од досегашниот интерес за приклучување кон СДЛ.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни