Македонија

Богдановиќ: Очекувам Вучиќ да го признае поразот ако изгуби – најважно е сè да заврши мирно!

Богдановиќ: Очекувам Вучиќ да го признае поразот ако изгуби – најважно е сè да заврши мирно!

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, очекува изборниот процес во Србија да заврши мирно и политичките актери да го почитуваат изборниот резултат.

Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Богдановиќ беше прашан за можното сценарио во кое Александар Вучиќ и неговата политичка опција би ги загубиле изборите.

Тој изрази очекување дека Вучиќ ќе остане на дадениот збор и ќе го признае евентуалниот пораз, како што најавил во својата изјава по гласањето.

„Најмногу од сè очекувам да биде мирно и да заврши. Сега останува да видиме кој ќе ја има таа разлика“, посочи Богдановиќ.

Според него, високата излезност и големата заинтересираност на граѓаните покажуваат дека изборите имаат особено значење за политичката иднина на Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни