Петар Богојески преку Фејсбук информираше дека регистрирана е денеска нова политичка партија со име „Македонски концепт“.
„Не е важно дали си со основно, средно, високо или повисоко образование, дали си сиромав или богат, дали си работник, земјоделец, даскал, еким или газда… без разлика на твојата вера, народност или убедувања… ако си еснав човек, домаќин човек, со образ, од збор, тука да се чувствуваш како свој на своето, Македонија да си ја сакаш повеќе од себе, ако таа е наша заедничка Мајка и за тебе… тогаш пријателе бујрум во МКонцепт!“, пишува Богојески на Фејсбук.
Тој додава „Партијата ја направивме за да ПОБЕДИМЕ! Партијата постои за народот и за Македонија!“.