Бојан Јовановски со полициска придружба и во лоша здравстена состојба беше донесен за да даде исказ кај Рускоска во врска со “Рекет”. Му се влошила состојбата. Повраќал и колабирал во обвинителството беше повикана и брза помош. По получасовната интервенција на лекарската екипа на носилки беше изесен и ставен во амбулантното возило. Брзата помош ја напушти згарадата, и се упати кон Клиничкиот центар. Во придружба на Итната помош возеше комбето од затворот Шутка.
„Многу грда сцена. Јас уште кога дојдов, Јовановски повраќаше во тоалетот. Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше, не беше контактибилен. Дојде брза помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот. Јас сметам дека му треба адекватна медицинска нега, без оглед што сторил“, рече Дуковски.
На прашањето дали Јовановски дал исказ, неговиот адвокат вели дека немало исказ и дека кога тој дошол Јовановски веќе повраќал во тоалетот.
„Дали изгуби свест не знам. Не беше ни контактибилен ни со мене ни со лекарите, многу грда сцена која што е прилично мачна“, додаде Дуковски.
Денеска е крајниот рок за давање исказ на Боки 13 за оваа истрага, по што ќе следува обвинение.
По разгледувањето на жалбата за продолжувањето на притворот, Апелациониот суд на 4 октомври одлучи дека сè уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото.
Во притвор во затворот во Шутка за „Рекет“ е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, додека осомничениот Зоран Милески-Кичеец беше пуштен во домашен притвор.
