Утре попладне првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 ќе дава исказ, по увидот во доказите.
Денеска истече рокот за увид во доказите, па така осомничениот утре ќе дава исказ.
Пред неколку дена Судот не го прифати барањето за укинување на притворот, и замена со домашен притвор.
Исто така треба да биде повикана и Катица Јанева за исказ.
Второосомничениот Зоран Милески – Кичеец е во домашен притвор.
