Свет

Болниците во Романија ќе доставуваат лекови, примероци и банки со крв со дронови

Болниците во Романија ќе доставуваат лекови, примероци и банки со крв со дронови

Иновација во Романија – болниците во градот Орадеа наскоро ќе можат да користат дронови за транспорт на биолошки материјали. Првиот пробен лет се одржа викендов.

Проектот е развиен заедно со австралиска компанија. Дронот се движи со брзина од 40 километри на час и може да носи до 3 килограми лабораториски примероци, лекови, па дури и банки на крв.

Неговите предности се пониските трошоци за транспорт и избегнувањето на сообраќајниот метеж. Уредот е опремен со мини падобран во случај на непредвидени околности.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни