Свет

Борбите во источна Украина ескалираат

Борбите во источна Украина ескалираат

Гранатирањето во Северодонецк и Лисичанск продолжува. Ударите на Храков однесоа најмалку 9 жртви.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акциите на Русија во источна Украина одразуваат „очигледна политика на геноцид“.

Русите напаѓаат на украинските позиции истовремено во неколку области, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека неколку странски бродови, меѓу кои и бугарскиот брод Царевна, сè уште не го напуштиле Мариупол, иако руските вооружени сили ги деминирале водите на пристаништето.

Русија ги повика сопствениците на странски бродови да ги изнесат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни