Свет

Борел: Блискиот исток на раб на војна од непознати размери

Борел: Блискиот исток на раб на војна од непознати размери

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток го доведува регионот на работ на војна од непознати размери.

На социјалната мрежа Х, Борел повика да се преземат мерки за „спречување на катастрофа“.

„Постои консензус за патот напред: итен прекин на огнот во Газа. Сите кои стојат на патот на деескалација ќе одговараат“, напиша тој.

Најмалку пет американски војници се повредени во напад врз воена база во Ирак во понеделникот, соопштија американските власти.

Блискиот исток се подготвува за можен нов напад на Иран и неговите сојузници врз Израел, поради убиствата на претставници на Хамас и Хезболах.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни