Борис Џонсон поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе поднесе оставка, пишува Мирор, цитиран од Ројтерс.

Според изданието, персоналот во канцеларијата на Џонсон на Даунинг стрит 10 е известен дека тој ќе се повлече.

Се вчитува...

Британскиот премиер ќе даде изјава „за неколку часа“, објави Би-Би-Си. Британскиот премиер денеска ќе и се обрати на нацијата, потврди неговиот портпарол, цитиран од Ројтерс.

Весникот „The Sun“ пишува дека Џонсон ќе остане на чело на владејачката Конзервативна партија додека таа не го избере својот нов лидер на лето.

Новиот министер за финансии Надим Захави денеска го повика премиерот да поднесе оставка – помалку од 48 часа откако тој беше назначен на функцијата.

Министерот за одбрана Бен Валас упати сличен апел до Џонсон.

За помалку од 48 часа, вкупно повеќе од 50 претставници на британската влада поднесоа оставки – невидено голем број.

Според истражувањето на социолошката агенција „Саванта КомРес“, 72 отсто од Британците се на мислење дека премиерот треба да поднесе оставка.

Џонсон вчера одби да се повлече.