Македонија

Борисов повика Бугарија да го финализира францускиот предлог за Македонија

Борисов повика Бугарија да го финализира францускиот предлог за Македонија

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен лидер на ГЕРБ денеска посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Република Македонија, јави БГНЕС.

Тој соопшти дека Извршната комисија на ГЕРБ го разгледала предлогот за РСМ и повика на финализирање на договорот.

– На тема РСМ, навистина им посакувам успех на колегите во Софија да го финализираат договорот, за да можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и дека биде успешно, како што заслужува, рече Борисов.

Во меѓувреме, се огласи и француската амбасадорка во Софија Флоренс Робин, која исто така, побара брзо усвојување на договорот во Бугарија. Според амбасадорката Флоранс Робинс, последниот предлог е ист со документот кој претходно го усвои бугарскиот Парламент.

– Тој (предлогот) не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во земјата, изјави таа за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не вршел притисок врз Бугарија во спорот“.

– Документот е поставен во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата, рече Робин.

Бугарското Народно собрание на 24 јуни гласаше за предлог-решение кое има за цел да го реши спорот меѓу Софија и Скопје и да го отвори патот за европска интеграција на РСМ. Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и се надградува за да бидат максимално заштитени бугарските интереси, потенцира БГНЕС и потсетува дека вчера и бугарската Влада ја одобри оваа одлука на бугарскиот Парламент.

Францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само заедно можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатерални односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказот со конкретни ангажмани и етапи кои Скопје мора да ги исполни во замена за Бугарија да го укине ветото, посчува бугарската агенција БГНЕС.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни