Брат и сестра детонираа експлозив во болница, 35 повредени

Властите на Перу соопштија дека брат и сестра поставиле и детонирале експлозивни направи во една болница во главниот град, при што повредени се најмалку 35 луѓе. Според информациите, се работи за одмазда за смртта на нивната мајка по операција во таа болница.

Напаѓачите се идентификувани како Александар и Клаудија Бенитес, кои исто така се повредени во експолизијата и се наоѓаат на одделението за интензивна нега во болницата што ја нападнаа. Според истражителите, братот и сестрата ја тужеле болницата поради невнимание, поради што нивната мајка починала за време на операција на тумор во мозокот.

Перуански суд ја казнил болницата со 100 000 долари, но семејството барало да одговараат и докторите кои биле задолжени за операцијата на жената. Поради експлозијата болницата е евакуирана, а настанал и сообраќаен хаос на околните улици.