Денеска белграѓани во улицата Марта бр.27 имаа можност на дело да ја видат хуманоста на еден полицаец. Неговата фотографија се појави на социјалните мрежи и ги трогна сите што ја видоа.
На страницата на Инстаграм Serbialive Belgrade се појави фотографија која трогна многу корисници на оваа мрежа, на која полицаец им дава пример на сите како да се однесуваат кон постарите.
Еден од членовите на МВР со бастун ѝ помогнал на бабата, која како што се гледа на сликата тешко подвижна, да ја помине улицата.
– Една убава слика од утрово. На улица 27. Марта – стои во соопштението, а коментарите на корисниците на оваа социјална мрежа само не престануваа.
“Да видам нешто убаво. Ми се гадат од грозните слики деновиве. Добро за дечкото, сигурно би го направил тоа дури и да не носел полициска униформа”, “Да имавме уште вакви”, „Убав гест“…