Бритни Спирс доби уште една битка

Познатата пејачка Бритни Спирс се чини дека е на чекор до независноста.

Судијката во Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени на клучното и драматично рочиште го суспендираше таткото Џејми Спирс како законски старател на имотот на Бритни.

Оваа одлука доаѓа по само неколку месеци откако пејачката јавно го обвини нејзиниот татко за злоупотреба.

„Верувам дека суспензијата на Џејмс Спирс како законски старател е во најдобар интерес за штитеничката. Оваа наредба ќе биде во полна сила и важност“, посочи Пени.

Инаку, овластениот јавен сметководител Џон Зејбел привремено ќе го замени Џејмс, додека пак старателката на личноста на Бритни, Џоди Монтгомери, останува одговорна.

Судот даде наредба и Џејми што поскоро да ги предаде сите средства на Зејбел.

Адвокатот на Бритни Спирс, Метју Розенгарт истакна дека сака целосен прекин на старателството оваа есен, но тоа е можно да се случи на 12 ноември, кога судијката ќе го разгледа барањето за целосен прекин.