Балкан

Брнабиќ: Подготвен сум да поднесам оставка, а Вучиќ засега одбива да го стори тоа

Брнабиќ: Подготвен сум да поднесам оставка, а Вучиќ засега одбива да го стори тоа

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска истакна дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, но додаде дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „засега го одбива тоа“.

„Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да бидам јасен – подготвен сум во секој момент да поднесам оставка од премиерската функција, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тоа го знае и засега одбива“, изјави Брнабиќ и додаде :

„Можеби ќе се премисли. Сакате избори – нема проблем, ние сме секогаш за избори“.

Таа рече и дека „сигурно останува лојална на Србија и на Вучиќ“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни