4NEWS.mk

Бродолом во близина на островот Лампедуза, загинаа најмалку 9 мигранти, меѓу исчезнатите се и 8 деца

Најмалку девет луѓе загинаа откако потона брод со мигранти во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 22 лица од бродот со кој се превезувале околу 50 луѓе, а пронајдени се и девет безживотни тела. Помеѓу исчезнатите лица има и осум деца.

Бродот со мигранти тргнал од Тунис, а со него се превезувале Тунижани и од западно африканските држави.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни