Како што објави вчера Министерството за здравство, во претходното деноноќие од направени 6.980 тестирања, регистрирани се 805 нови случаи на Ковид-19, од компликации од вирусот починале десет пациенти, а 77 оздравеле.
Како и во изминатите денови, најголем број новозаразени се во Скопје – 240, по што следат Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46… Пријавените починати лица се на возарст од 28 до 86 години. Бројот на активни случаи со Ковид изнесува 5.761.
Со дополнувањето на рестриктивните мерки, во угостителските објкети ќе може да влезат и прележани од Ковид -19.
„Овие лица доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од Ковид -19, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле. По завршувањето на овие 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина“, изјави Филипче.
Новите рестриктивни мерки, порача, се во насока на заштита на јавното здравје. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот.
Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана за огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита.