Македонија

Бројот на активни случаи се искачи над 3.500

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека вчера се регистрирани 639 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.390 тестирања.

Починале шест лица, а 22 пациенти се оздравени.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни