Македонија

Бројот на активни случаи се искачи над 8.500

Бројот на активни случаи во Македонија се зголеми и во моментов изнесува 8.675.

Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 6.256 тестирањa, регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни