Македонија

Бројот на активни случаи се зголемува

Министерството за здравство информираше дека од направени 6.458 тестирања, регистрирани се 1.166 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани сe 232 оздравени пациенти, а пријавени се 29 починати лица.

Вкупната бројка на активни случаи е 12.673.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 4451, Тетово – 2030 и Гостивар – 1548.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни