Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје вчера се регистрирани 999 нови случаи на коронавирус, од направени 7.245 тестирања.
Најмногу случаи има во Скопје – 325, па следуваат Тетово – 184, и Гостивар – 132.
Регистрирани сe и 184 оздравени пациенти, а починати се 14 лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.