Бројот на загинати од циклонот што го погоди јужниот дел на Бангладеш и крајбрежните делови на Индија се искачи на 16, јави Би-Би-Си.
Претходно беше објавено дека најмалку четири лица загинаа во циклонот во Бангладеш и Индија. Локалните власти соопштија дека најмалку 10 лица загинале во циклонот во Бангладеш, дека 35.483 куќи биле уништени, а други 115.992 биле оштетени.
Најмалку шест лица загинаа во циклонот во Индија, уништени се илјадници куќи, оштетени се далноводи, а ветрот корнеше дрвја.