Свет

Бројот на жртвите од земјотресот во Бангкок се искачи на 18

Бројот на жртвите од земјотресот во Бангкок се искачи на 18

Бројот на загинати како последица на земјотресот во Мјанмар, кој се почувствува и во Бангкок и предизвика разурнувања во Тајланд, се искачи на 18, соопшти денеска државниот јавен сервис на Тајланд PBS, повикувајќи се на извори во спасувачката служба на Бангкок.

„На местото на уривањето на 30-катната управна зграда во изградба се пронајдени уште четири тела. Во тек е спасувачка операција за извлекување на лицата кои останале под урнатините“, наведува PBS.

Службеник за управување со катастрофи во Бангкок потврди дека вкупно 18 лица загинале во земјотресот во Бангкок, вклучувајќи ги и оние кои биле извлечени од урнатините на 30-катната зграда во изградба и оние кои загинале на друго место откако паднале од голема височина во моментот на земјотресот.

„Се урна новата зграда на Канцеларијата на главниот ревизор (КРВ) во изградба, при што 18 се повредени и 10 загинаа. Од загинатите девет лица починале на лице место, а едно лице починало во болница“, изјави службеникот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни