Брутални ирански напади врз Израел – згради горат, најмалку 5 мртви и 100 повредени

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во ирански напад со балистички ракети врз градот Арад.

По ракетниот напад врз градот Арад на југот на Израел, службите за итни случаи лекуваат голем број жртви, објави израелската медицинска служба Маген Давид Адом.

Се вчитува...

Според нивните изјави, меѓу повредените е и петгодишно девојче кое е во тешка состојба.

Единаесет други лица беа сериозно повредени, додека неколку лица се здобија со полесни повреди.

Претходните извештаи од Израел соопштија дека во нападот се повредени најмалку 100 лица.

„Нашите тимови ги лекуваат другите повредени на терен. Големи сили, вклучувајќи хеликоптери, се на пат кон местото на настанот“, се вели во соопштението на службата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја доживеала „многу тешка вечер“ по иранските напади врз градовите Арад и Димона.

Во нападот врз Арад загинаа најмалку пет лица, а над 100 беа повредени, беше предизвикана значителна штета на зградите и беа предизвикани пожари.

Премиерот рече дека разговарал со локалните лидери. „Решени сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, рече Нетанјаху.